Тастатурите, глувчињата и мобилните уреди се практични поради многу причини, но воопшто не „лежат“ природно на дланките. Затоа не е ни чудно што многу луѓе чувствуваат болки во зглобовите на дланките, особено кога поголем дел од денот поминуваат на тастатура. Колку и да се трудите правилно да ги поставувате рацете кога работите на компјутер, факт е дека тоа не е природна положба. Олеснете си ги симптомите со овие пет едноставни вежби за вашите дланки: Отворање и истегнување Исправете ги дланките во природна положба. Започнете со истегнување на прстите, со нежно буткање кон надвор со помош на другата дланка. „Испукајте“ ги и потоа направете неколку кратки ротации со зглобовите. Оваа вежба можете да ја правите и во канцеларијата, кога подолго време сте поминале во пишување. Размрдување на зглобот Поставете ги дланките врз рамна површина, на пример вашето биро. Почнете да го префрлате притисокот врз коренот на прстите, а во исто време придвижете го палецот кон вас. Раширете ги сите прсти и останете во оваа положба околу 20 секунди. Вежби за палците Вежбите со палците им се потребни на оние кои цело време се со својот мобилен телефон во рака и куцаат. Испружете ги рацете со дланките отворени нагоре и правете кружни движења со палците и во двете насоки. Раздвижувањето на овој зглоб е многу важно. Вежбата наречена „молитва“ Спојте ги рацете пред вас како за молитва. Притиснете ги една за друга и така притиснати спуштајте ги надолу, додека да почувствувате затегнување во рацете. Повторете ја оваа вежба уште 2-3 пати. Од овие вежби не би имале особена корист доколку ги правите само еднаш во текот на денот или на неколку денови. Потребно е да правите повеќе паузи до пишувањето на тастатурата и да си направите по неколку од претходните вежби. Најдобро е да ги истегнувате прстите и дланките на секои 40 минути работа. Потрудете се и да станете од пред бирото и направете кратка пауза, па покрај прстите, истегнете ги и вратот и рамениците.