Македонија

Бројот на туристи во Македонија во изминатата година пораснал за 6 проценти

Бројот на остварени ноќевања бележи благ пораст од 0,8 проценти. Кај домашните туристи се забележува пад од 4,1 процент, додека кај странските има зголемување од 6,4 проценти.

Вкупниот број туристи во земјава лани е повисок за 6 проценти во споредба со 2024 година. Растот кај странските гости изнесува 10,3 проценти, додека кај домашните е евидентирано намалување од 2,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2025 година, од вкупниот број посетители, 36,7 проценти биле домашни, а 63,3 проценти странски туристи. Во истиот месец се регистрирани вкупно 112.001 ноќевање, при што 42,4 проценти се остварени од домашни, а 57,6 проценти од странски гости.

Најмногу туристи во декември пристигнале од Турција – 7.303, по што следуваат Бугарија со 5.214, Србија со 4.736 и Грција со 3.438 посетители.

Тагови

Поврзани вести