ЕкономијаМакедонија
Банките со рекордни профити – државата им овозможува невиден грабеж врз граѓаните

Закон:
Секој граѓанин и правно лице е оврзано да има сметка во Банка!
Последица од законот:
Народната банка ги објави најновите деветмесечни показатели за банкарскиот сектор, кои уште еднаш ја покажуваат огромната диспропорција меѓу профитите на банките и реалната економија. Вкупната нето-добивка на 12-те комерцијални банки, заедно со државната Развојна банка, изнесува 235,1 милион евра – сума што, и покрај благо намалување од 7 милиони евра во однос на лани, останува рекордно висока.
Банките годинава пласирале 8,7 милијарди евра кредити, додека депозитите достигнаа 10,2 милијарди евра. Активата на секторот, без државната Развојна банка, е 13,8 милијарди евра и бележи раст од речиси 2 милијарди евра за една година. Податоците јасно упатуваат на забрзано кредитирање, стабилна ликвидност и континуирано зголемување на банкарската моќ – на сметка на граѓаните и компаниите кои ги сервисираат сè поскапите финансиски услуги.
Растот на активата, огромните маржи и постојано високите добивки ја отвораат повторно истата дилема: дали банкарскиот систем работи во интерес на економијата или продолжува да функционира како монополски механизам за грабење, под целосно одобрение и регулаторна заштита од државата?



