Македонија

Ѓубрето во Вардар излезе на виделина со накачување на нивото на реката

Сметот и ќубрето наместо во канти завршува во природата.

Фотографијата е од мостот на Вардар во Градско каде нивото на најголемата македонска река е на високо ниво после долготрајните обилни дождови.

Купишта ѓубре се собрани на столбовите на мостот и дополнително го отежнуваат протокот на водата.

Неодговорноста на голем број на граѓаните се гледа во оваа фотографија, а купот смет од гранки и пластичен отпад е толку голем што по него се движат и луѓе.

Тагови

Поврзани вести