Фото

„Кревет од мраз“ прогласена за најдобра фотографија на див свет

Фотографијата „Кревет од мраз“ од поларна мечка како спие на санта мраз е прогласена за најдобра фотографија на див свет во традиционалниот избор на Природонаучниот музеј во Лондон. Фотографијата е дело на британскиот аматерски фотограф Нима Сарикани .

„Иако климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочуваме, се надевам дека оваа фотографија инспирира надеж. Сè уште има време да се поправи нередот што го направивме“, вели Сарикани.

„Воодушевувачката и потресна слика на Сарикани ни овозможува да ги видиме убавината и кревкоста на нашата планета. Таа поттикнува на размислување и служи како визуелна претстава за штетните влијанија од глобалното затоплување и губењето на живеалиштата“, изјави директорот на музејот Даглас Гур.

Сарикани ја направил фотографијата по три дена потрага по поларни мечки низ густата магла на норвешкиот архипелаг Свалбард.

Во завршниот избор влегоа вкупно 25 фотографии. Погледнете дел од нив:

  

Тагови