Македонија

Температурите паднаа на -3 степени!

Денешното утро во Македонија повеќе наликува на зима, од колку на Октомвриска есен. Утринава  и тоа до 8 часот најстудено беше во Берово со измерена температура од -3 степени, додека највисока минимална температура утринава е измерена во Охрид, Виница  и во Крушево, и тоа 6 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава по градови и места во Македонија до 8 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.

Да напоменеме дека по одделни котлини и речни долини утринава има појава на магла или на ниска облачност, која во текот на денов ќе се расчисти.

Тагови

Поврзани вести