Рибар во Кудава, на западниот брег на Шри Ланка, се обидува да ги потисне во вода китовите кои заринкале на плажата. На крајот на помош притекнала воената морнарица и одвлекла единаесет китови подлабоко во морето, но за три веќе немало спас. Пилот-китовите се тешки и по неколку тони и често ги следат бродовите, а се случува стотици одеднаш да заринкаат на брегот.