ВестиМакедонија
„Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ по иницијатива на Пакомак
Оваа година, учениците од основните училишта во Карпош, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Бутел собраа над 32 тона амбалажа од пластика или над 1.200.000 пластични шишиња, од кои 16 проценти, односно 200.000 пластични шишиња собраа учениците од О.У. „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, што им го донесе првото место.
Другите наградени училишта се: О.У. „Аврам Писевски“, О.У. „Кузман Шапкарев“, О.У. „Крум Тошев“, О.У. „Димитар Поп-Ѓеорѓиев Беровски, О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“, О.У. „Климент Охридски“ и О.У. „Тефејуз“.
Учениците од сите основни училишта во осум скопски општини, веќе петта година по ред преку проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ по иницијатива на Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка, имаат можност да учат за бенефитите од селектирањето и рециклирањето на амбалажниот отпад.
На настанот за доделување на награди беа присутни претставници од наградените училишта, многу ученици, наставници и иницијатори и поддржувачи на овој проект.