Овој период навистина имаме премногу промени на прогностичките модели околу времето за 1ви Мај. Гледано според моменталните анализи летните температури на воздухот продолжуваат и тогаш но атмосферата не би била во целост стабилна што значи времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а на планинските места има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.