Забава

Од удобноста на вашиот дом: Виртуелна прошетка низ Сикстинската капела, сокриена во одаите на Ватиканва

Сикстинсата капела го привлекува вниманието на многу туристи од светот поради ремек делата кои ја красат и таа претставува вистинска ризница на уметноста. Името го добила по Папата Сикст Четврти, кој овозможил реставрација на Големата капела, во периодот меѓу 1477 и 1480 година.

Сикстинската капела брзо станала место каде се одржува изборот на новиот Папа. На нејзините ѕидови се насликани ремек делата на Перуџино, Сандро Ботичели, Доменико Гирландајо, Косимо Росели, Пинтурикио, но она по што сите ја паметат е погледот на сводот на капелата, односно фреските на Микеланџело. Меѓу нив се издвојува онаа наречена Страшниот суд, која е создадена во 1534 година, по желба на тогашниот Папа.

Поради пандемијата со коронавирусот Сикстинската капела е затворена за посетители, а сите љубители на уметноста имаат можност да ја разгледаат од удобноста на својот дом.

Имено, се што е потребно е да се закачите на официјалниот сајт и да се впуштите во разгледување. Се надеваме дека ќе уживате.

Тагови

Поврзани вести