Свет
Милиони Американци во паника од моќниот „Флоренс“

Милиони Американци се подготвуваат за ударот на еден од најкатастрофалните урагани во последниве неколку децении. Се проценува дека силата на моќниот „Флоренс“, во моментот кога ќе дојде до источните делови на САД ќе ја достигне високата петта категорија и ќе има потенцијал да зафати неколку сојузни држави.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека приоритет на властите е безбедноста на населението додавајќи дека федералната влада е подготвена за реакција.