Клима

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје – Петровец

Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе – шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје – Петровец.

Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе,  седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во Велес, 18 во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија и 19 во Скопје-Петровец.

Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 25 степени.

Тагови

Поврзани вести