Клима

Сончево и топло време со температури до 30 степени

Сончево и топло време со температури до 30 степени се очекува денес низ Македонија, а во попладневните часови во делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одредени места повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 23 до 30 степени.

Тагови

Поврзани вести