Свет

Заслепувачка убавина – Лаго ди Брајес во Италија е едно од најубавите природни езера во светот (фото)

Лаго ди Брајес во Јужен Тирол ги рефлектира боите во сите нијанси, од зелена до сина. Овој скапоцен камен на природата е најголемото природно езеро во Доломитите, одлична почетна точка за планинарење и прошетки. Пливањето е секако дозволено, но водата е ледено студена, дури и за време на летото.

Како настанало езерото? Легендата вели дека многу одамна група разбојници копале по планините во потрага по злато и скапоцени камења. Локалните сточари им биле многу љубоморни и се обидувале да им го украдат собраното богатство на дивјаците.

Не успеале во намерата, затоа што разбојниците направиле подземен избор и ги потопиле своите богатства во езерото коешто се создало од самиот извор.

Ова е апсолутно омиленото место за фотографирање на Инстаграм, со добра причина: изгледа волшебно, како од некоја страница на добро илустрирана сликовница.

Секој заслужува да го посети Лаго ди Брајес барем еднаш во животот, нели?

Тагови

Поврзани вести