Забава
„Априлијада“ на 1 април во ГТЦ со богата детска програма

Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје, на 1 април 2026 година ќе ја организира традиционалната детска манифестација „Априлијада“. Настанот ќе се одржи во Градскиот трговски центар, со почеток во 10:30 часот.
Програмата предвидува ревија на маскирани деца од градинките и основните училишта, проследена со танцови и музички настапи. Во рамки на настанот ќе настапат и балетската секција при ДКЦ „Карпош“, детски солисти со песни од „ЗОО Азбука“, како и студијата „Брејк а лег“ и „Марбал“, заедно со познатите „златни славејчиња“.
Публиката ќе може да ужива и во настап на „Театар за тебе“, како и во изведби на кловнови, маскоти од популарни цртани филмови и пантомимичар, кои ќе придонесат за весела и интерактивна атмосфера.
За завршница на програмата е предвидена изведба на делови од детскиот мјузикл „Аладин и волшебната ламба“, во изведба на студиото „Бродвеј јуниор“.
Од ДКЦ „Карпош“ истакнуваат дека настанот е наменет за деца, родители и пошироката јавност, со цел да се поттикнат креативноста, уметничкиот израз и заедништвото преку музика, танц и театар.


