Со достапноста на интернетот, имаме прилика да видиме бројни необични места ширум планетата и од ден за ден да гледаме колку нашата природа е неверојатна и совршена. Ова се 3 необични феномени кои дефинитивно им пркосат на сите закони на физиката. Некои би рекле дека му пркосат дури и на здравиот разум. Златниот камен во Мјанмар “Kyaiktiyo Pagoda” или Златниот камен е гранитна мини карпа, тешка неколку тони, која успешно балансира на сам раб на провалија, а кога дува ветер таа се поместува. Веќе 2500 години делува како да ќе падне, но иако со ништо не е прицврстена, таа се одржува на работ. https://www.instagram.com/p/B8HywCVIXCj/?utm_source=ig_embed Бидејќи овој необичен огромен камен им пркоси на законите на гравитацијата, локалното население го смета за специјално и затоа го прекриле со злато. Денес, каменот е еден од најголемите атракции во Мјанмар. Уникатниот пат во Ерменија Патот кон планината Арагац во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече под агол од 20 степени, а иако изгледа потполно рамно, сè што ќе пуштите по патеката ќе се стркала назад. Се верува дека овој пат е едноставна оптичка илузија, еднаква на фатаморгана во пустина. https://www.instagram.com/p/CAdNJX-As9l/?utm_source=ig_embed Обратниот водопад на Хаваи Водопадот Ваипугија на Хаваите е вистинско чудо бидејќи водата не паѓа надолу, туку тече нагоре! Сепак, мистеријата била решена со текот на времето – ветровите кои се сечат на ова место дуваат толку силно и во правец кој ја турка водата во воздухот, не дозволувајќи ѝ природен пат. https://www.instagram.com/p/BRJCjhUBdav/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again