Култура
6-то издание на Котон Блуз фестивал во Скопје, 4 вечери и 9 концертни настапи

Од четири вечери и девет концерти, искомбинирани со промоции на албуми, ќе се состои шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, што ќе се одржува од 21 до 27 ноември. Локацијата повторно е нова, па блузот овојпат ќе се свири и слави во барот „Русти“.
Втората половина од фестивалот е на 26 и 27 ноември, кога програмата е побогата. Тогаш се концертни промоции на албуми на Александар Пешевски и на „Кросроуд блуз бенд“ и веќе традиционалната гитарска работилница со Јанис Павеза, а Елвис и „Ин д муд“ ќе се здружат во проект посветен на Џони Кеш.
Главните ѕвезди на годинашниот фестивал се оставени за последната вечер, а како такви се најавени легендарниот британски блуз музичар Норман Бикер и американскиот гитарист Хамилтон Лумис.
Карти се веќе на прддажба и достапни на овој линк



