Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА -МОЌНА СИЛВИЈА: ДОАЃААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Во текот на денешниот ден (среда) ќе продолжи облачното време со повремени врнежи од дожд и со значително пониски температури кој ќе бидат значително под просекот за овој летен период од годината.

Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2).

Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава.

Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со појава на грмежи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Врнежливото време продолжува и во текот на утрешниот ден (четврток).

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Тагови

Поврзани вести