Здравје

Со пијалак против пролетниот замор

Додека природата ве повикува да се разбудите од зимскиот сон, вашиот организам не е подготвен да одговори веднаш на изобилството сончева енергија и забрзаното темпо на денот.

Многу од луѓето страдаат од пролетниот замор кој настанува  поради нерамнотежата во телото и ослабениот имунитет.

Губењето на апетитот, несоницата, истоштеноста и лошото расположение најбрзо се лечи со правилна и регулирана исхрана потпомогната со енергетски напитоци.

Црвената доза енергија ќе ве разбуди побрзо и од ладниот туш.

Потребни ви се следниве состојки:

3 репки со тежина до 300 гр.

2 моркова со средна големина

2 стебленца целер

5 парчиња пашканат

1 луто пиперче

4 ротквици со средна големина

4 домати

Подготовка:

Репките и морковот излупете ги,  а останатиот зеленчук добро измијте го. Исечкајте го лутото пиперче и целото додајте го во сокот. Зеленчукот ставете го во блендер и измиксајте го.

Свежиот сок се препорачува да се консумира по првиот утрински оброк.

Тагови

Поврзани вести