Свет

Франција најпогодена од суша изминатите години

Во Франција не врне дожд 31 ден, што е најдолгиот зимски период без врнежи од почетокот на мерењата во 1959 година, објави во вторник националната метеоролошка служба.

Затоа, почвата е многу сува за овој период од годината, по силната суша минатото лето, објави Météo France.Временските услови одговараат на вообичаените за средината на април, а особено е погоден југот од земјава.

Иако се очекува дожд кон крајот на оваа недела, метеоролозите предвидуваат еден од најсувите февруари откако се води евиденција. Франција е погодена од суша од летото 2021 година. Од август 2021 година, сите месеци освен декември 2021 година, јуни 2022 година и септември 2022 година имаа дефицит на дождови.

Со недостигот на дожд на планините има помалку снег од вообичаено за овој период од годината.Периодот од септември до март е клучен за обновување на залихите на подземната вода од топењето на снегот, посочуваат метеоролозите.

Франција е потопла од просекот 12 месеци по ред.Тоа е првпат од почетокот на мерењата во 1947 година температурите да бидат над вообичаениот месечен просек толку долго.

 

Тагови

Поврзани вести