Култура
Љутков: Универзална сала ќе биде готова во 2027 година

Во 2027 година симболот на градот „Универзална сала“ конечно ќе ги пречека своите први гости вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Реконструкцијата на Универзалната сала ќе започне на крајот на септември.
Љутков дополни дека за целосната реновација се одвоени 20 милиони евра, кои ќе бидат распределни од Буџетот во три години години. Посочи и дека конечно ингеренциите врз „Универзална сала“ се целосно пренесени на Министерството за култура и туризам.
Култната „Универзална сала“ е своевиден симбол на градот Скопје. Многу обиди на градоначалници за да го променат изгледот на оваа сал, но таа и понатаму останува во фокусот на јавноста, особено на скопјани кои се сеќаваат на Универзална сала на место каде се пресретнувале различни култури, каде се творело и создавало но и каде што продефилирале и светски музички имиња.
Инаку, по катастрофалниот земјотрес во Скопје, никна и култната Универзална сала, изградена како резултат на светската солидарност и помош, брзо стана центар на сите културни случувања во градот но години потоа стана и објект за политички поткусурувања. пламените јазици кои што беше ја зафатиле Универзална сала со себе однесе и огромни спомени. Минатата година, симболот на постземјотресно Скопје, изградена во духот на солидарноста „Универзална сала“ пламна во пожар.
Дали 2027 година ќе бидат отворени вратите или јавноста повторно ќе сведочи на изговори поради тендерски постапки е прашање на време.



