Клима
Југозападен бран носи врнежи: Дел од земјата со дожд, дел со снег

Под влијание на нов бран на врнежи, односно на нов влажен бран од југозапад во Македонија попладнево и вечерва на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во јужните и во југоисточните предели од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 15 литри на метар квадратен дожд. Во исто време од север ќе се спушта поладен воздух па така на планините и повисоките места со надморска височина од околу и над 1000 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре спомнатиот период ќе има повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.
Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 6/7 степени.


