Истражувањето, спроведено меѓу љубители на храна на возраст од 25 до 45 години, покажува дека и покрај зголемената употреба, околу половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на содржината што ја создава вештачката интелигенција, пренесе агенцијата АНСА.
Врз основа на резултатите, развиен е системот „ChefCPT“ (Culinary Pre-trained Transformer), кој го обединува знаењето на 207 кулинарски мајстори и нуди персонализирана поддршка при подготовка на оброците.
Анкетата открива и дека 17,6 проценти од Италијанците редовно готват само за себе, додека над 80 проценти подготвуваат оброци за семејството и пријателите. За 95 проценти од испитаниците, оброците претставуваат важен социјален момент, а 65 проценти од нив сметаат дека е нормално да посветат најмалку половина час на подготовка на домашен оброк.
Поради високите цени во угостителските објекти и намалената куповна моќ, 82 проценти од Италијанците јадат надвор најмногу еднаш неделно. Најчест избор се традиционалните италијански ресторани и пицерии (74 проценти), следени од етнички ресторани (13,5 проценти), додека само 2,5 проценти преферираат брза храна.
Најчестите начини на користење на ВИ во готвењето вклучуваат создавање рецепти и менија според достапните состојки, прилагодување на јадењата на прехранбени интолеранции и истражување на техники за подготовка на различни видови храна.