Како што информираат од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ на истата локација постави знак за забрането фрлање на отпад. – Упатуваме апел до граѓаните кои живеат во близина на овие населени места, сметот да не го фрлаат на овие локации за во иднина да немаме повторно новосоздадени диви депонии – нагласуваат од локалната самоуправа. Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД Комуналец ќе продолжи со чистење и на другите диви депонии низ градот.