Свет

Четири лица загинаа по судир на два брода кај брегот на Јапонија

Четири лица го загубија животот во поморска несреќа кај североисточниот брег на Јапонија, откако рибарски брод се превртел по судир со товарен брод, соопшти крајбрежната стража.

Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 1:15 часот, на околу 20 километри од пристаништето Мисава, пренесуваат локалните медиуми.

На рибарскиот брод имало 13 членови на екипажот. Деветмина биле спасени, додека четворица исчезнале веднаш по инцидентот. По неколкучасовна потрага, нивните тела биле пронајдени, со помош на товарниот брод и други рибарски пловила кои учествувале во спасувачката акција.

Надлежните служби продолжуваат со истрагата за причините за судирот.

Тагови

Поврзани вести