Настани
Црвениот крст на Македонија одбележува 80 години од основањето
Црвениот крст на Република Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва помош и крводарителство

Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од основањето со свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 19 часот.
Црвениот крст на Република Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва помош и крводарителство.
Основана е во 1945 година, а како самостоен субјект функционира од 1992 година. Членка е на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 1995 година.
Нуди поддршка на ранливи категории и активно промовира хуманитарни вредности низ разни проекти и програми.