Македонија

Ќе се сечат 113 дрва во Градски парк

Активисти од Градот побарале да им се овозможи прошетка низ паркот, во придружба со експерти, кои ќе ја образложат сечата. Барањето како што велат им е одобрено и ќе се реализира во понеделник.

Од друга страна, градоначалничката тврди дека станува збор за шупливи дрва нападнати со габи, за што добиле потврда од 8 експерти од Паркови и зелнеило. Проверка на дрвата се прави еднаш на две години, а овие дрва кои се сега обележени за сечење, при минатата проверка се покажало дека се здрави. Арсовска тврди и дека над 60 000 садници се засадени во паркот во Ѓорче Петров а над 8000 во Карпош.

-Во конкретниот случак ЈП Паркови и зеленило по службена должност има утврдено дека се работи за јавно зеленило, дека дрвата се суви, шупливи и опасни да паднат и да причинат материјална и човечка штета. При тоа е одлучено наместо исечените дрва да се засадат нови садници.

Сеча на дрвја во паркови низ Скопје и во минатото предизвикуваше бурни реакции, пред се од еко-активистите, а низ годините беа организирани и неколку протестни собири, пренесува Канал 5.

Тагови

Поврзани вести