Економија
Цената на нафтата повторно надмина 100 долари за барел

Цената на нафтата повторно ја надмина границата од 100 долари за барел. Суровата нафта Брент порасна за околу 1,6 проценти и достигна 103,87 долари.
Порастот следува по вчерашниот пад под 100 долари, откако беа најавени можни разговори меѓу САД и Иран. Откако Техеран негираше дека се водат преговори, цените повторно тргнаа нагоре.
Во исто време, благородните метали бележат пад. Златото е намалено за околу 0,8 проценти, а среброто за 0,9 проценти.
На девизниот пазар, доларот ослабе во однос на јапонскиот јен, додека еврото зајакна во однос на американската валута.



