Култура

Хрватскиот мандолински оркестар „Слога“ настапува во Скопје и Битола

Во понеделник, во Музејот на македонската борба во Скопје, со почеток во 19 часот, концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар на ХГМД „Слога“ од Загреб, под наслов „Мозаик на хрватската мандолина“.

Настанот се реализира во соработка со Амбасадата на Република Хрватска, а гостувањето е поддржано од Министерството за култура и медиуми на Хрватска.

Оркестарот ќе настапи и следниот ден, на 31 март, во Битола, во КИЦ Офицерски дом, во соработка со МХД „Марко Марулиќ“.

Младинскиот оркестар на „Слога“, основан во 2022 година, обединува ученици, студенти и млади музичари, со цел развој на нова генерација изведувачи. Дел од членовите се подготвуваат за идно приклучување кон матичниот ансамбл „Слога“, кој годинава одбележува 97 години постоење.

Оркестарот ја негува мандолинската традиција, изведувајќи класични и современи дела од домашни и странски автори. Во изминатите години има настапувано на фестивали и реализирано концерти во повеќе европски земји.

Уметнички директор и диригент е Максимилијан Бориќ, професор по мандолина, образуван на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Милано.

На програмата ќе бидат изведени дела од хрватски композитори.

Тагови

Поврзани вести