Македонија
Хрватска со јасна порака: Македонија заслужува членство во ЕУ

Премиерот на Андреј Пленковиќ порача дека Македонија може да смета на континуирана поддршка од Хрватска на патот кон членство во Европска Унија. Изјавата доаѓа по неговата средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Брисел.
Пленковиќ нагласи дека земјата заслужува јасна европска перспектива и дека Загреб останува силен партнер во евроинтеграцискиот процес. На социјалната мрежа „Икс“ тој посочи дека на средбата биле отворени повеќе важни теми – од геополитичките предизвици, до енергетската безбедност во регионот и мерките за справување со растот на цените.
Средбата се одржа во рамки на одбележувањето на 50 години од Европска народна партија, каде во тек е собир на европските лидери.
За разговорите информираше и Мицкоски, кој истакна дека фокусот бил ставен на регионалната соработка, европската иднина и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји.



