Свет
Трагедија по пожар во Јужна Кореја: Над 50 лица повредени, 14 се водат за исчезнати

Најмалку 53 лица се повредени во пожар што избувна денес во фабрика за автоделови во јужнокорејскиот град Деџеон, додека 14 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.
Како што е наведено, 24 лица имаат сериозни повреди.
Многумина вдишале токсичен гас или паднале од зградата, јавува новинската агенција Јонхап.


