Свет

Тајланд ја бомбардира земјата со семе за дрвја

Уништувањето на шумите е огромен проблем со кој се соочуваме насекаде низ светот

Надоместувањето на штетата што е направена во изминативе години како резултат на индустријализацијата и човечката алчност се покажува како многу тешка задача. Но, Тајланд смета дека го најде идеалното решение што е брзо, едноставно и ефикасно.

Пред околу еден месец, владата со воени авиони ги бомбардираше шумските предели, но не со бомби што уништуваат, туку со бомби со семиња.

Овие семиња се од видови дрвја што веќе ги има и виреат во Тајланд и имаат најголема шанса да из’ртат и со нив да почне обновата на шумите.

Тајландската влада планира да го имплементира проектот во наредниве пет години, додека истовремено ќе се врши и надзор на напредокот и ќе е следи промената на квалитетот на воздухот.

Првите резултати би требало да бидат видливи кон крајот на 2019 година.

Првите бомбардирања беа извршени во регионот Фитсанулок, на површина од над 800 хектари. Семињата од локални видови дрвја се претходно обработени за да може што полесно да из’ртат и да израснат во дрвја.

Концептот на бомби со семиња го има смислено Јапонецот Фукуока, автор на методот за природно земјоделие.

Со тек на време, техниката се подобрувала и усовршувала, па денес може со еднодневно надлетување да се посеат околу 900.000 дрвја.

Бомбите содржат семиња завиткани во мешавина од земја, глина и ѓубриво за да се олесни процесот на ‘ртење.

Тајланѓаните се надеваат дека со оваа иницијатива ќе се помогне во обновување на изгубените шумски површини во земјата.

Тагови

Поврзани вести