Македонија
Студен бран за Велигден: мраз и ниски температури низ Македонија

За време на Велигденските празници, од денеска до 11 април (Велика Сабота), Македонија ќе биде под влијание на значително постуден бран од север и североисток, што ќе донесе променливо и посвежо време.
Се очекува повремено засилен до силен северен ветер, кој локално може да достигне и до 60 км/час, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.
На Велигден, 12 април, времето ќе биде претежно сончево, но утрата ќе останат студени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во текот на празниците, како и на самиот ден Велигден, на повеќе места се очекува појава на слаб мраз, со утрински температури од -4 до 5 степени. Во Скопје, утринската температура ќе се движи околу 2 до 3 степени.
Дневните температури ќе останат под просекот за април и ќе се движат меѓу 8 и 15 степени, додека во Скопје ќе достигнат околу 15 степени.



