Свет
Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ
Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во процесот на проширување и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем за процесот на проширување на ЕУ доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, нагласува Стражај.

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во Европската Унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи, во исто време продолжувајќи со примена на реформите. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, вели во разговор за МИА, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.
Во однос на се погласните предлози за членство на земјите-кандидатки во ЕУ, но без целосни права на донесување одлуки, како и без право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување и дали ова е реално, Стражај вели дека целосно го поддржува процесот на етапна или постепена интеграција.


