МакедонијаНастани
Со срце против фаворитот: „Црвено-жолтите“ вечерва стартуваат на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува настапот на Европското првенство со дуел против кодомаќинот и еден од фаворитите, Данска. Натпреварот се игра во Хернинг од 20:30 часот, а „црвено-жолтите“ влегуваат без страв и со јасна желба за борба.
Иако Данска важи за светска ракометна сила, Македонија традиционално знае да одигра храбро кога е најтешко. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се подготвуваат во Данска, а како добар вовед во шампионатот дојде и победата на контролниот меч против Митјиланд.
Дуелот е дел од групата Б, во која се уште Португалија и Романија. Првите две селекции обезбедуваат пласман во следната фаза, а Македонија стартува со амбиција да се бори до последната секунда.



