Македонија

Сончево и малку потопло со умерена локална облачност, највува временската прогноза

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со умерена локална облачност. Особено долж повардарието и во источните предели ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, најавува временската прогноза на Славчо Попоски

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа до крајот на оваа работна недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со чести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат многу ниски, особено на средината од оваа недела и истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.

Хидрометеоролозите најавија дека денеска ќе имаме сончево, но студено време, со мала до умерена облачност која ќе е поголема во планинските региони. Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 км/ч.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 6, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 12, Дојран 13.

И за утре се очекува сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, прогнозираат од УХМР.

Тагови

Поврзани вести