Македонија

Собранието денеска одлучува за имплементацијата на „Безбеден град“

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за воведување на системот „Безбеден град“. Со поддршка од двотретинско мнозинство, по претходен договор меѓу Мицкоски и Ахмети, камерите во Скопје, Тетово и Куманово веќе нема само да снимаат, туку ќе почнат и да „удираат“ по џебот на несовесните возачи.

Што треба да знаете пред 1 февруари? Во првата фаза, „окото“ на МВР ќе ги лови следните прекршоци:

  • Брзо возење (со воведена толеранција како на полициските радари);
  • Минување на црвено светло на семафор;
  • Непрописно паркирање низ градските сообраќајници;
  • Истечена регистрација (неважечка сообраќајна дозвола).
Тагови

Поврзани вести