Свет

Снегот предизвика вонредна состојба во Бугарија

Поради обилните снежни врнежи во општината Рудозем на Родопските планини, на југот на Бугарија денес е прогласена вонредна состојба.

Сообраќајот е во прекин, а голем број села се отсечени. На одделни места снегот е со висина од еден метар, јавува БТА.

Тешкиот и мокар снег предизвикал лизгање на земјиштето на патиштата, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

Волонтери цел ден отстрануваат паднати дрвја од патиштата.

Тагови

Поврзани вести