Свет
Словенија ги продолжува граничните контроли со Унгарија и Хрватска за 6 месеци
Словенија ги продолжи граничните проверки со Унгарија и Хрватска до 21 јуни 2026 година, објави БТА, повикувајќи се на словенечкиот весник „24 Ур“.

Полицијата ќе спроведува целни контроли на граничните премини за спречување на тероризам, екстремизам и криминал. Според властите во Љубљана, ова нема негативно да влијае врз граѓаните што живеат во пограничните области, како и врз патничкиот сообраќај.
Словенија одлучи да ги продолжи граничните контроли поради заканите по внатрешната безбедност што произлегуваат од Зимските олимписки игри во Италија, терористичките закани и организираниот криминал, ризикот од мешање на терористите со мигрантите што минуваат низ Западен Балкан, хибридните закани од Русија и Белорусија, како и нестабилноста во соседните земји на ЕУ.
Балканската земја воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија на 21 октомври 2023 година, поради влошувањето на безбедноста на Блискиот Исток и поголемата закана од тероризам.



