Свет

Силниот ветер и сувото време ги поттикнуваат пожарите во Калифорнија

Пожарот кој беснее во планините Североисточно од Лос Анџелес досега се прошири на над 400 квадратни километри уништувајќи згради, домови и природен резерват за диви животни.

Се очекува дека огнот ќе продолжи да се шири поради временските услови – силен ветер и ниска влажност. Во неделата попладне беа издадени предупредувања за дополнителна евакуација на население.

Сепак, пожарникарите успеаја да ја одбранат планината Вилсон која се издига над Лос Анџелес и каде се наоѓа историска опсерваторија основана пред повеќе од еден век, а каде има и многу антени и предаватели кои го опслужуваат јужниот дел од Калифорнија.

Овој пожар започна на 6-ти септември а минатата недела двојна се зголеми со што стана еден од најголемите во историјата на округот Лос Анџелес. Досега нема повредени.

Речиси 19 илјади пожарникари се борат со пламените јазици на над 20 локации низ Калифорнија. Таму годинава во над 7.900 пожари изгореа над 14 илјади квадратни километри.

Тагови

Поврзани вести