Саемот на македонска традиционална храна има за цел да ја промовира македонска храна и на едно место да ги собере производителите, преработувачите и иноваторите на нови вкусови на храна од сите страни на Македонија. Како што соопштија од Зелена берза, целта е преку оваа манифестација да се поттикне и поинтензивниот развој на органското земјоделство, но и одржување на бројот на жители во руралните средини и позабрзан развој на селата. Со овој настан истовреме сме промотор на органското производство, како и пласманот на нашите земјоделски производи на домашните и странските пазари. Во последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство , токму поради големите природни потенцијали за развој на органско производство во нашата земја, соопштија од Зелена берза.