Свет

Сава се повлече и го откри бродот од пред еден век: „Словенец“ крие многу тајни

Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак.

Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна. Во 1921. е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на воена опрема. Судбината на пловилото била бурна – бил потонат неколкупати, па по поправките повторно бил ставан во употреба”.

Последен пат потонал на 24 април 1945, кога удрил во магнетна мина во Сава, спротиводно од Јарак. Оттогаш бродот се наоѓа кај левиот брег на реката.

Кога нивото на водата на Сава значително ќе се намали, големи делови од бродот излегуваат над површината. Трупот на бродот со години е цел и на собирачите на „искористени“ суровини, па на тоа се должат и видливите траги од сечење метал. „Словенец“ има историска вредност и е наведен како заштитено богатство од посебно историско значење.

Иако е интересен за рибарите и посетителите, приближувањето до трупот не е без опасности.

Посебна причина за претпазливост е фактот дека бродот во мигот на потонувањето превезувал гранати и друг воен материјал. Поради можноста дел од опасниот товар сè уште да е во трупот, на граѓаните им се советува да не му се приближуваат. Сѐ тоа претставува и потенцијална опасност за пловидбата, бидејќи се наоѓа во пловна област, а на повисоки нивоа на водата е скриена под површината на реката

Тагови

Поврзани вести