Македонија

Ретко видео на два риса во дворот на хидроцентралата крај Тресонче

До редакцијата на Екобаланс пристигна ексклузивна снимка од два риса која ја направиле вработените во хидроцентралата која се наоќа во близина на селото  Тресонче

Ова ретко видео покажува како двата риса се одомаќиниле и слободно шетаат во дворот и чистата природна околинна на малата хидроелектрана во околината на Тресонче.

Кога сме кај чистите извори на енергија ќе напоменеме дека Македонија денес користи само околу 1/3 од хидропотенцијалот, а годишно може да произведува околу 5.500 гигават/часови електрична енергија од вода, речиси колку што е вкупното годишното производство на струја од сите енергетски капацитети во земјава.

Пред помалку од еден месец МЕД и НП „Маврово“ го обележаа со ГПС околувратник досега најтешкиот рис од кога се спроведува оваа постапка во Македонија, а тоа беше рисот тежок 27 килограми кој публиката го крсти Бистри

Во продолжение погледнете го реткото видео на кое може да се видата двата риса пред портите на хидроцентралата во близина на селото Тресонче:

 

Тагови

Поврзани вести