Свет
По скандалозното отстранување на Георгеску, романците упорно гласаат за евроскептик
Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија: Победа на десницата по дисквалификацијата на Георгеску

По поништувањето на редовните претседателски избори во Романија и дисквалификацијата на Калин Георгеску поради наводна нелегална поддршка од Русија, новиот изборен круг донесе сличен резултат – убедливо водство на кандидат од истиот политички спектар.
Во првиот круг од повторените избори, десничарскиот евроскептик Георге Симион освои 40,6% од гласовите, оставајќи го зад себе актуелниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, кој доби 21%.
„Ова не е само изборна победа, ова е победа за романското достоинство. Победа за сите кои не ја изгубиле надежта, кои сè уште веруваат во една слободна, почитувана и суверена Романија,“ изјави Симион по објавувањето на резултатите.
Симион, 38-годишен лидер со остри ставови против Брисел, е познат и по својата блискост со МАГА-движењето на Доналд Трамп. Тој се противи на продолжување на воената поддршка за Украина и вети дека, доколку биде избран за претседател, ќе му додели висока функција на поранешниот кандидат Калин Георгеску.


