Македонија
Поради технички зафати делови од Скопје денеска без струја и вода

Поради технички зафати на инфраструктурата, денеска делови од Скопје ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, информираат надлежните служби.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, без струја ќе остане дел од населбата Волково, поточно корисниците на улицата „95“, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Прекинот е поради интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и за два одвоени прекини во водоснабдувањето.
Во општина Аеродром, поради приклучување на нова водоводна линија на улицата „Божидар Рајковиќ“, без вода од 09:00 часот се корисниците од оваа улица и дел од Горно Лисиче, сè до завршување на работите.
Во општина Центар, пак, поради дефект на водоводна цевка на улицата „Партеније Зографски“, прекин во водоснабдувањето има за дел од корисниците на оваа локација, исто така од 09:00 часот, до отстранување на дефектот.



