Македонија

Пингвините во скопската Зоолошка ги добија имињата Скипер, Прајват и Ковалски

Пингвините во скопската Зоолошка градина ги добија имињата според ликовите од цратниот филм „Пингвините од Мадагаскар“. Трите пингвини се машки и ги добија имињата Скипер, Прајват и Ковалски, соопштија од Зоолошката.

Пингивините пристигнаа минатата недела.

Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо,велат од Зоолошката градина во Скопје.

Тагови

Поврзани вести