Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Започна реализацијата на булеварот „Македонија“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку видео објава информираше за стартот на изградбата на булеварот „Македонија“, чија реализација започна вчера. Според најавите, првата фаза од проектот треба да заврши во рок од три месеци.

„Со јасна визија и континуирана посветеност, Град Скопје создава нови вредности и остава трага на напредок и достоинство“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој најави дека веќе следната недела ќе биде отворена тендерската постапка за втората фаза од проектот. Планот е целосната сообраќајница, долга околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.

„Рокот за првата фаза е 90 дена, а паралелно, во наредните десетина дена ќе ја стартуваме тендерската постапка за продолжување на работите. Втората фаза предвидува изградба на два нови кружни текови, влез во подземната сообраќајница, проширување на дел од постојните улици и целосно уредување на просторот. Проектот опфаќа и нова атмосферска канализација со околу 60 шахти, со што се решава и одведувањето на атмосферските води. Дополнително, ќе се реализира поврзување со улицата „Пролет“, нов крак кон „Борис Трајковски“, како и проширување и нов приклучок кон улицата „11 Октомври““, изјави Ѓорѓиевски.

 

 

Тагови

Поврзани вести