Култура

„Оревокршачка“ од Чајковски ќе одекнува на сцената на МОБ на 28 март

Балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, а со кореографија и либрето на Саша Евтимова, премиерно ќе биде изведена на 28 март во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет во Скопје.

„Оревокршачка“ e балетска фантазија за соништата, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме.

Ќе учествуваат истакнати македонски уметници, во придружба на оркестарот и хорот на МОБ и ученици од балетскиот оддел на средното музичко и балетско училиштето „Илија Николовски – Луј“.

Тагови

Поврзани вести