Македонија

Општина Гази Баба почнува со еко-патроли

По големиот број на реакции и барања од страна на граѓаните на општина Гази Баба, вечерва, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекциската слуба на општината излезе на терен во обилка на дивата депонија Вардариште.

Оваа еко-патрола од вечерва ќе функционира на територија на општина Гази Баба, односно инспекциските служби од вечерва ќе бидат на терен и во попладневните и вечерните часови со цел спречување и санкционирање на загадувањето на животната средина.

„Вечерва бев на терен заедно со инспекциските служби од општина Гази Баба во еко-патрола низ дивата депонија Вардариште. Од вечерва, инспекциските служби од општината ќе бидат на терен и во вечерните часови, се со цел да спречиме согорување и депонирање на отпад на јавни површини во попладневните и вечерни часови. Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети. Ќе се санкционира согласно Закон секој, кој ќе пали, согорува, депонира или на било каков начин ја загадува животната средина”, вели Стефковски.

 

Тагови

Поврзани вести