ВодаЖивот

Океаните се во опасност, што може да сториме за да ги спасиме?

Океаните се најголем регулатор на климата на планетата Земја. И покрај тоа, тие се задушуваат во пластика, скоро да се без морски свет кој некој веќе го уловил, а затоплувањето на водата го загрозува морскиот живот

Три милијарди луѓе конзумираат морски плодови како нивен примарен извор на протеини. Околу 70 отсто од воздухот што го дишеме се произведува од морски растенија, а 97 отсто од водоснабдувањето на Земјата доаѓа од океаните.

Океаните се најголем регулатор на климата на планетата Земја. И покрај тоа, тие се задушуваат во пластика, скоро да се без морски свет кој некој веќе го уловил, а затоплувањето на водата го загрозува морскиот живот.

Организацијата на Обединетите нации е домаќин на првата океанска конференција за поддршка на одржилв развој. Темата беше зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и поморските ресурски за одржлив развој. ООН советуваат пет начини на кои сите може да помогнеме за да иднината на океаните.

Не користете пластика за една употреба и избегнувајте пластично пакување

Секоја година повеќе од осум милиони тони пластика се фрлаат во океаните. Пластиката му се заканува на морскиот свет, влијае и врз здравјето на луѓето преку токсичните хемикалии во пластиката. Тие се акумулираат во морската храна и рибата што ја јадеме. До 2050 година може да има повеќе пластика во океаните отколку риба. Пластичните садови сочинуваат 14 отсто од вкупниот отпад во светот. За производство на еднолитарско пластично шише се потребни 250 милилитри масло и шест литри вода.
Што може да направиме?
Секогаш кога сте во можност изберете хартија или стакло пред пластика. Избегнувајте пластични кеси и шишиња, чаши за еднократна употреба, прибор за јадење, сламки, лажички за кафе.

Произвоство на помалку отпад

Во океаните годишно завршуваат шест милиони тони годишно ѓубре. Генерално, купуваме премногу работи и може да потрошиме помалку. Да се запрашме на глас: Дали ми треба телефон, таблет, лаптот и декстоп компјутер? Колку пара чевли може да носам? Дали сите ми се потребни?
Избегнувајте козметички производи со многу хемикалии кои се испуштаат во мијалникот и потоа завршуваат во реките и океаните. Поправете го телевизорот наместо да купувате нов. Облеката и играчките од бебињата и децата слободно споделете ја со пријателите или роднините.

Јадете помалку риба

Според Организацијата за храна при Обединетите нации (ФАО) 32 отсто од светските резерви на риби веќе се експолатирани надвор од нивните одржливи граници. Дури 90 отсто од сите големи предаторски риби како туната на примр, се исцрпени. Решението е да се јаде помалку риба и морска храна. Ако веќе избирате да јадете риба, нека биде тоа вид риба која е одгледана во рибник.

Намалување на јаглеродниот двооксид

Зголемените нивоа на јаглероден двоокси во атмосферата придонесуваат за зголемувањето на глобалните температури, вклучувајќи и затоплување на океаните. Како резултат на тоа, нашите мориња стануваат повеќе кисели, што доведува до широко распространето корално белење, на пример. Намалувањето на количината на CO2 што секој од нас ја емитира во атмосферата може да звучи бесполезно, но има многу начини да се направи разлика.
Возете помалку и возете подобро. Гледајте што јадете и обидете се да купите локално. Купете го зеленчукот и овошјето кои се од вашето поднебје и намалете го количеството месо и рибите што ги консумирате.
Дома вложете во изолацијата на куќата. Намалете ја потрошувачката на вода и електрична енергија, користете компактни флуоресцентни светилки, исклучете ја вашата електроника и размислете колку уреди навистина ви се потребни.

Имате милениче?

Ако имте мачка или куче, храната и отпадот што го произведуваат тие исто така завршуваат во океаните. Според едно истражување од 2008 година, индустријата за храна за животни користи секоја година 2,48 милиони тони храна само за влажна храна за мачки.
Не го фрлајте во тоалет изметот на мачката бидејќи може да содржи патогени штетни за морскиот свет. Ако имате аквариум, не купувајте морски риби фатени во океани и никогаш не ги пуштеје вашите миленичиња назад во океанот.
Окените ни припаѓаат на сите и секој од нас може да направи разлика.

Тагови

Поврзани вести